Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Германскиот тенисер Александер Зверев учествуваше на турнирите во Белград и Задар и тој е еден од оние кои направија тест по информацијата дека Григор Димитров е позитивен на Ковид-19.
Зверев објави дека е негативен на коронавирусот, додека засега се позитивни Димитров, неговиот тренер, Борна Чориќ и еден од членовите на стручниот штаб на Новак Ѓоковиќ.
„Дознав дека мојот тим и јас сме негативни на вирусот. Длабоко се извинувам до сите кои потенцијално ги загрозив. Ќе ги следам препораките на докторите и им посакувам на сите кои го имаат вирусот побрзо да оздрават“, напиша Зверев на Твитер.
Освен него, во 14-дневна самоизолација се Андреј Рубљев и Марин Чилиќ.