Зверев и понатаму не може да спие: Два поени ми требаа за победа, ме мачи поразот…


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Германскиот тенисер Александер Зверев вели дека му е тешко да го заборави поразот во финалето на Ју-Ес опен.

Младиот Германец имаше одлична шанса да го освои првиот гренслем-турнир во кариерата. Тој имаше водство од 2-0 во сетови против Доминик Тим, но ривалот направи целосен пресвр.

„Само два поени ми требаа за победа. За тоа размислувам 25 пати дневно. И секоја ноќ, дури не можам ниту да спијам“, вели Зверев.

Зверев во моментов е седми тенисер во светот, а сигурно ќе има можност во иднина конечно да се „закити“ и со таков трофеј.