Зверев ќе плати „дебела“ казна поради дивеењето во Акапулко


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Третиот тенисер во светот, Германецот Александар Зверев беше исфрлен од турнирот во Акапулко откако со рекет повеќе пати удри во судиската столица за време на мечот во двојки, а денеска е казнет со дополнителни 40.000 долари и одземање на бодови.

Германецот остана без парите кои ги заработи на турнирот за неговиот настап, а исто така нема да ги добие ниту бодовите кои ги заработи.

„Ова претставува максимална казна за секој прекршок“, соопшти Асоцијатата на тениски професионалци (АТП).

Зверев се извини по неговиот непромислен потег, меѓутоа тоа не беше доволно за да избегне и жестока казна.

На видео-снимката може да се забележи дека Зверев трипати удира во столчето, а потоа го навредува судијата, по што удри уште еднаш со рекетот.