Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Асоцијацијата на професионални тенисери (АТП) отвори истрага против Александер Зверев поради обвинувањата дека ја малтретирал неговата поранешна девојка.
Зверев кој се наоѓа на четвртото место во светот во машка конкуренција, е обвинет дека бил насилен со Олја Шарипова во 2019 година.
Тие двајца почнале да излегуваат како тинејџери, но врската била завршена пред повеќе од една година.
Атп во понеделникот го осуди било кој облик на насилство или злоупотреба и најави дека ќе ги истражи обвинувањата поврзани со Зверев.
„Имаме одговорност да го истражиме тоа“, кажа Масимо Калверли, извршниот директор на АТП.