Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Германскиот тенисер Александер Зверев призна дека е разочаран по турнирот во Мелбурн, каде што беше елиминиран во полуфиналето.
Зверев за француски „Миди Либре“ ја отвори душата по елиминацијата од Австралијан опен и кажа колку му било тешко по неуспехот.
„Сакам да се вратам на нивото кое го имав во последните шест месеци во 2021 година. Освоив четири титули, изгубив само четири меча. Сакам да одам напред. Имав голем притисок во Австралија, сите ми зборуваа дека можам да станам најдобар и сега сум разочаран“, вели Зверев.
Германецот даде коментар и за финалето меѓу Рафаел Надал и Данил Медведев.
„Не го гледав цел меч, туку крајот. Повеќе би сакал да играм со него во финалето, отколку да го гледам дуелот на телевизија“, објаснува младиот тенисер.