Зверев соопшти лоши вести: Скинав неколку лигаменти!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Германскиот тенисер Александер Зверев се повреди во полуфиналето на Ролан Гарос и мораше да го предаде мечот на Рафаел Надал, а сега има нови и лоши вести.

Сцените од теренот беа навистина болни затоа што Зверев на цел глас викаше од болка, по што беше изнесен од теренот со инвалидска количка.

„По првите прегледи може да се заклучи дека скинав неколку лигаменти во своето десно стапало. Морам да одам во Германија во понеделник за да направам дополнителни тестирања. Би сакал да им се заблагодарам на сите за поддршката“, напиша Зверев.

Зверев го чека подолга пауза, па најверојатно нема да настапи на Вимблдон.