Зверев сурово реален: Новак е одличен, а многумина веќе го отпишаа


Време е за спектакл: Македонија - Белгија! ↓↓↓


Александар Зверев доживеа деветти пораз во 14. пресметка со Новак Ѓоковиќ, вторпат на Ролан Гарос. И повторно во четврт-финалето, како во 2019 година.

Новак Ѓоковиќ после три часа и 20 минути игра победи со 4:6, 6:3, 6:2, 6:4 и по 13. пат се пласираше во полуфинале на гренд слем турнирот во Париз.

По завршувањето на натпреварот, Зверев се обиде реално да ги согледа причините за поразот, но главниот акцент беше неговата изјава дека воопшто не му се допаѓа тоа што голем број стручњаци и коментатори лесно го отпишуваат Ѓоковиќ на 38 години.

Вистината е, тој во моментов е малку потценет, да бидам искрен. Смешно е да се каже такво нешто. Многу луѓе веќе го отпишале. Сетете се, оваа година веќе победи против Карлос Алкараз на Австралискиот опен, и сега ме победи и мене во Париз“, вели Зверев.

Фото: Grok AI