Зверев загрижи со изјавата: Во дупка сум, нема веќе радост во мојот живот


Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Третиот светски тенисер Александер Зверев шокантно беше елиминиран во првото коло на Вимблдон, а потоа уште повеќе изненади со откровението дека има ментални проблеми надвор од теренот.

Зверев во вторникот навечер, по поразот од Артур Риндеркнек, откри дека се чувствува многу осамено во животот и дека размислува за терапија.

„Никогаш досега не сум се чувствувал вака празно. Понекогаш се чувствувам многу осамено. Се трудам. Ментално, велам дека се трудам од Австралија Опен. Едноставно, не знам… Се обидувам да најдам начини да излезам од оваа дупка. А постојано повторно се наоѓам во неа. Генерално се чувствувам прилично осамено во животот моментално, што е чувство кое не е баш убаво“, изјави Зверев на конференцијата за медиуми.

Фотографија: Принтскрин