Зверев загуби од Алкараз, па ѝ се „истури“ на АТП: Ова е срамота!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Германскиот тенисер Александер Зверев убедливо загуби од Карлос Алкаарз во финалето на Мастерсот во Мадрид со 3-6 и 1-6, а вината за поразот ја најде во АТП и распоредот на натпревари.

Зверев го заврши полуфиналниот меч против Стефанос Циципас околу 1 часот по полноќ во недела, по што немал доволно време за одмор.

„Морам да кажам дека работата на АТП оваа недела беше срамна. Пред два дена морав да легнам да спијам во 4.00, 4.30 часот наутро, а вчера легнав во 5.20 часот“, се налути Зверев.

Германецот притоа призна дека можеби ниту во идеални услови немало да го победи 19-годишниот Алкараз, кој игра одлично и претходно ги елиминираше Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал.