„Ѕверот“ Траоре стигна во Каталонија, па Барселона испрати понуда за ѕвезда на Арсенал 🎥


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


 Барселона се активираше во завршницата на преодниот рок, па успеа да ангажира неколку засилувања, меѓу кои и Адама Траоре кој доаѓа на позајмица од Вулверхемптон.

Траоре денеска слета во Барселона, каде што беше пречекан од новинарите, а откако ќе ги помине медицинските прегледи, ќе потпише договор со каталонската екипа, која може да го откупи на крајот на сезоната за 30 милиони евра.

Во меѓувреме стигна информација дека Барселона испратила понуда до Арсенал за Пјер-Емерик Обамејанг, кој треба да се пресели во Каталонија на позајмица, но во битка за неговиот потпис се вклучи и Јувентус.

Барселона оваа зима потпиша со Феран Торес од Манчестер сити за 55 милиони евра, додека во одбраната го ангажираше Дани Алвеш, кој дојде како слободен играч.