Ѕвезда на Ајакс меѓу два гиганти: Реал во борба со Јунајтед за талентираниот фудбалер


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Реал Мадрид одамна се поврзува со трансфер на фудбалерот на Ајакс, Дон Ван де Бек, па така и минатото лето се шпекулираше дека Холанѓанецот би можел да се пресели на „Сантијаго Бернабеу“.

Манчестер јунајтед се приклучи во трката за 23-годишниот фудбалер и дури го „престигна“ Реал Мадрид, а „Де Телеграф“ објави дека Јунајтед е блиску до неговиот потпис.

„Ѓаволите“ се надеваат дека ќе ја искористат финансиската криза во Реал и ќе успеат да го „украдат“ Ван де Бек.

Иако се шпекулираше дека „кралевите“ се подготвени да платат 50 милиони евра за Ван де Бек, сепак Јунајтед им прави неочекувани проблеми.