Ѕвезда на Ајакс призна дека во тек се преговори со Реал Мадрид


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Реал Мадрид планира да ангажира ѕвезда од Ајакс, а станува збор за одличниот Дони ван де Бек, кој наскоро би можел да се пресели во Шпанија.

По Матијас де Лихт и Френки де Јонг, Ајакс би можел да остане без уште еден од најважните фудбалери за минатата сезона.

Ван де Бек е на чекор од Реал бидејќи Ајакс почнал преговори со „кралевите“, а тоа го призна и самиот фудбалер.

„Реал Мадрид во моментов преговара со Ајакс, постои интерес, но не можам да откријам повеќе детали. Без сомнеж мојот агент разговараше со нив, но сега би разговарал за фудбал, а не за трансфер“, кажа Ван де Бек по мечот со Витесе во неделата.

Наводно, „кралевите“ се подготвени да платат 60 милиони евра за одличниот фудбалер, кој минатата сезона постигна важни голови во Лигата на шампиони.