Ѕвезда на Арсенал отворено призна дека сака да си замине од тимот


Роналдо - човек рекорд! Франција и Белгија во дербито на денот! ↓↓↓


Францускиот напаѓач Александре Лаказет има договор со Арсенал до следното лето и откри дека сака да го напушти клубот.

Лаказет оваа сезона не е прв избор кај тренерот Микел Артета и шанса добива од клупата, па досега настапи на само седум меча во Премиерлигата.

Во едно интервју кое го даде неодамна за француските медиуми, 30-годишниот напаѓач призна дека размислува да го промени тимот.

„Моите агенти почнуваат да бараат ново место. Има уште непознати детали, но јас сакам да почекам до јануари и потоа да донесам некои одлуки“, кажа напаѓачот.

Лаказет дојде во Арсенал од Лион во 2017 година, а за четири години во дресот на „топчиите“ настапи на 180 натпревари и притоа постигна 68 гола и има 29 асистенции.