Ѕвезда на Атлетико ги покажа лузните по „војната“ во Манчестер


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Во модерниот фудбал се заработуваат многу пари поради што навивачите очекуваат од играчите да го остават срцето на терен.

Атлетико Мадрид во реваншот на средбата во осминафинале на Лига на шампиони (ЛШ) го победи Манчестер јунајтед со 1-0.

Избраниците на Диего Симеоне веќе со години го носат прекарот „војници“, а тоа го покажаа и во вторникот кога одиграа одличен меч на „Олд Трафорд“.

По натпреварот Ектор Ерера ги покажа неговите нозе кои беа со лузни како што може да се забележи на фотографијата.

„Постојат ситуации кога ќе добиете удар, можеби некои требаше да добијат и жолт картон, но тоа останува во минатото“, кажа Ерера.