Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ѕвездата на Баерн Минхен, Кингсли Коман очигледно ги заборави правилата на клубот и поради тоа ќе добие казна од неговиот тим.
Коман пред неколку дена на тренинг пристигнал со Мерцедес, но тоа може скапо да го плати затоа што ги прекршил правилата на екипата.
Ауди е спонзор на Баварците и фудбалерите мора да ги возат автомобилите на спонзорот, а тоа не го испочитувал Коман.
„Билд“ објави дека Коман ќе добие казна од 50.000 евра, зашто ова не му е првпат да го прекрши правилото, а сега најде и бизарно објаснување зошто на тренинг не пристигнал со Ауди.
„Сакам да му се извинам на клубот и Ауди што не дојдов на тренинг со својот службен автомобил. Причината е оштетениот ретровизор на моето Ауди. Сепак, тоа беше грешка. Како оправдување, ќе ја посетам фабриката на Ауди во Инглоштад и ќе им поделам автограми на вработените“, кажа Французинот.
Coman had to park his car on the street instead of parking inside the parking lot as he came to the training by a Mercedes instead of Audi. The club will probably fine him 50,000 €. [Bild] pic.twitter.com/mUoEIaAN37
— Bayernology (@Bayernology1) March 14, 2021