Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Голем број фудбалери сонуваат да го носат дресот на Реал Мадрид, а еден од нив е дефанзивецот на Баерн Минхен, Алфонсо Дејвис кој засега не сака да потпише нов договор со германскиот тим.
Дејвис има договор до јуни 2025 година, но трпеливо чека понуда од Реал Мадрид, кој летово би можел да го продаде Ферланд Менди.
Реал е заинтересиран за Дејвис, но планира конкретен чекор да направи следното лето, кога дефанзивецот ќе има уште една година од неговиот договор и цената ќе биде пониска.
Дејвис најверојатно ќе ги почека „кралевите“ до следното лето, по што ќе донесе конечна одлука за неговата иднина.
Овој фудбалер за Баерн досега одигра 153 меча, а претходно искажа револт затоа што мора да игра како лев бек, иако му кажале дека ќе игра како крило.