Ѕвезда на Челси му се понуди на Реал Мадрид!?


Битка на најтрофејните, Роналдо благодарен на Кошта! ↓↓↓


Шпанскиот гигант Реал Мадрид бара нови засилувања за екипата затоа што ги очекуваат тешки предизвици во вториот дел од сезоната.

„Дефенса Централ“ објави дека „кралевите“ добиле понуда да го ангажираат Н’Голо Канте на сободен трансфер на крајот на сезоната, но претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез ја одбил таа опција.

Канте имаше проблеми во текот на претходните сезони со повреди и најверојатно ќе си замине на крајот на сезоната до кога му трае неговиот договор со „сините“.

Овој 31-годишен Французин долго време се поврзуваше со Реал Мадрид, Барселона и ПСЖ, но очигледно нема да се пресели во главниот град на Шпанија, туку среќата мора да си ја бара на друго место.