Ѕвезда на Лестер се понуди: Мојот сон е да играм за Реал Мадрид!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Дефанзивецот на Лестер сити, Весли Фофана откри за медиумите дека негов сон е еден ден да го облече дресот на Реал Мадрид.

Фофана е еден од најперспективните дефанзивци во европскиот фудбал откако пристигна во Премиерлигата, а новинарите ги интересираше што мисли за шпекулациите кои го поврзуваат со „кралевите“.

„Тоа е чест, Реал Мадрид е клуб од моите соништа. Тоа е најголемиот клуб во светот и мојот сон е да играм таму“, вели Фофана.

Фофана е повреден во моментов и ќе паузира до крајот на 2021 година, а пристигна во Лестер во 2020 година за 35 милиони евра од Сент-Етјен.