Ѕвезда на НБА-лигата одби да тренира зашто сака да го промени тимот!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Филаделфија ќе ги почне подготовките за новата сезона без еден од најдобрите кошаркари. Бен Симонс беше прв пик на НБА-драфтот во 2016 година, а сега одби да тренира и нема намера да се појави на подотовките зашто сака да се пресели во друг тим.

Симонс цела кариера ја помина во Филаделфија, но сега сака нови предизвици, а неговиот менаџер за тоа ја известил управата на тимот.

Овој 25-годишен кошаркар беше на жесток удар на критики затоа што наводно ги саботирал своите соиграчи во полуфиналето на Истокот против Аталанта, кога промаши дури 27 слободни фрлања.

Симонс со Филаделфија има четиригодишен договор, кој е вреден 147 милиони долари.