Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тешко беше да се остане имун на одличниот настап на Лионел Меси, кој во полуфиналето од Лигата на шампиони против Ливерпул (3-0) постигна два гола.
По неверојатниот погодок од слободен удар за победа од 3-0, одличниот Аргентинец ги „запали“ социјалните мрежи, кадешто беа објавени многу статуси поврзани со ремек-делото.
Многумина го прославија ремек-делото на Аргентинецот, а дури 90.000 навивачи имаа среќа во живо да ја видат мајсторијата.
На трибините на „Камп Ноу“ меѓу навивачите на Барселона беше и фудбалерот на Манчестер сити, Бенџамин Менди, кој ептен се израдува на поразот на Ливерпул, па голот на Меси го прослави со „среден прст“ испратен до навивачите на клубот од „Енфилд“.