Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ѕвездата на Тотенхем, Кристијан Ериксен е еден од најзаслужните за пласманот на неговиот клуб во финалето на Лигата на шампиони.
Данецот во разговори за еден медиум практично се прости од лондонскиот клуб, па сака да проба нешто ново.
„Чувствувам дека дојде момент кога во мојата кариера сакам да пробам нешто ново. Максимално го почитувам тоа што го доживеав со Тотенхем, но како што реков, сакам да пробам нешто ново. Се надевам дека ситуацијата ќе биде решена до лето“, вели Ериксен.
Овој 27-годишен фудбалер има договор со Тотенхем до 2020 година, а за негов ангажман е заинтересиран Реал Мадрид.
„Ако ме сака Реал, тогаш мора да го контактира претседателот Леви, но засега нема такво нешто“, вели Данецот.