Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ѕвездата на Тотенхем, Сон Хеунг-Мин ќе отслужи четиринеделен воен рок во Јужна Кореја додека во Премиерлигата трае паузата поради коронавирусот.
Напаѓачот на Тотенхем успеа да избегне служење на 21-месечен воен рок во 2018 година затоа што Јужна Кореја ја освои титулата шампион на Азија.
По закон во Јужна Кореја, пред 28 години мора да се оди на 21-месечна воена служба, но има исклучоци во случај да сте спортист и да сте донеле некој медал на својата држава.
Напаѓачот на премиерлигашот стигна во главниот град на татковината и сега мора да помине 14 дневнен карантин по што ќе почне неговата служба во војска.