Ѕвезда од Премиерлигата во љубовна врска со ќерката на Гвардиола 📸


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Англискиот репрезентативец Деле Али очигледно повторно е во љубовна врска, а овој пат бил забележан во друштво на ќерката на Пеп Гвардиола, која се вика Марија.

Фудбалерот на Тотенхем во март се раздели од манекенката Руби Мае, а медиумите објавија дека причина за прекинување на врската било тоа што ѝ пречело однесувањето на ѕвездата.

„Нивната врска беше бурна, но сега очигледно дојде крајот. Руби е тажна, но сега внимава повеќе на себе“, открива една пријателка на поранешната девојка на Али.

Поминаа неколку месеци и очигледно Али не жали премногу по неа, зашто во прегратка сега е со ќерката на Гвардиола.

Оваа 20-годишна девојка го запознала фудбалерот минатиот месец, а сега била забележана како се бакнува со него во еден локал во Лондон.