Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Фудбалерите на Бенфика синоќа во првиот натпревар од 1/4 финалето од Европа лигата со 4-2 го совладаа Ајнтрахт Франкфурт.
Тимот од Лисабон постигна 4 гола, а блескаше Жоао Феликс кој постигна хет-трик. Овој 19-годишен фудбалер така стана најмладиот играч во историјата на Лигата на Европа кој постигна три гола на една средба.
Феликс го постигна првиот погодок во 21. минута од белата точка, а после тоа постигна гол за 2-1, додека својот трет гол за влез во историјата на ова натпреварување го постигна во 54. минута.
Тој игра фантастична сезона. Во 20 лигашки натпревари за Бенфика има постигнато 10 голови, додека уште пет, вклучувајќи ги и синоќешните три, ги има постигнато во другите натпреварувања.
Неговите игри не се незабележани, па за него интерес покажа Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед, па останува да видиме каде талентираниот фудбалер ќе ја продолжи својата кариера.
Hat-trick hero! Benfica wonderkid João Félix claims his first treble in his senior career ???#UEL pic.twitter.com/Qw9AHKmbFJ
— UEFA Europa League (@EuropaLeague) April 11, 2019