Ѕвезди од НБА ќе загубат милиони долари ако не се вакцинираат!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


НБА-лигата неодамна потврди дека околу 90 отсто од кошаркарите се вакцинирани, а тоа е голем плус за лигата, но има и такви кои не го направиле тоа.

Меѓу нив се Кајри Ирвинг од Бруклин и Ендрју Вигинс од Голден Стејт, а дополнителен проблем за нив е тоа што во Њујорк и во Сан Франциско е воведена задолжителна вакцинација што значи дека тие нема да можат да играат на домашен терен ако не се вакцинираат.

„Ако не го направат тоа, Ирвинг ќе загуби 17,5 милиони долари, а Вигинс 15,8 милиони“, напиша Томи Бер, новинар на „Форбс“.

Вигинс неодамна се обиде да се извлече и бараше исклучок на основа на неговата религија, но неговото барање беше одбиено.

Ирвинг, од друга страна, не беше дел од официјалната прес-конференција за медиумите на клубот поради тоа, а неговиот менаџер кажа дека кошаркарот ќе се пензионира ако не замине во друг тим.