Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Атлетико Мадрид преживеа на гостувањето кај Барселона (0-0), а средбата ја одбележа и враќањето на Луис Суарез на „Камп Ноу“.
Суарез е познат по тоа што не се срами да избори пенал за својот тим во секоја можна ситуација, па така беше и против своите поранешни соиграчи.
Во 36. минута по центар-шутот на Караско, Суарез имаше контакт со Тер Штеген, по што глумеше дека добил удар во глава.
Германецот се налути и тргна кон напаѓачот, кон кој испрати брутални зборови.
„Ајде дебел, не зае*авај“, дофрли Пике, додека Суарез неколку пати го праша дали го удрил или не.
Ter Stegen y Piqué conociendo a Luis Suárez pic.twitter.com/cW4NG3LR0Q
— ¿Está robando el Barça? (@varsarobos) May 9, 2021
Атлетико останува на врвот со 77 бодови, додека Барселона е втора со 75, а трет е Реал Мадрид со 74.