Ѕвездите на Барселона се препуштија на алкохол, па пееја шампионски песни во вилата на Меси 🎥


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Фудбалерите на Барселона во неделата триумфираа против Валенсија со 3-2 и останаа во трката за шампионската титула во Шпанија, а Лионел Меси реши да организира дружење со неговите соиграчи пред останатите натпревари.

Каталонците неодамна доживеаа шок против Гранада, но успеаа во неделата да слават на тешкото гостување кај Валенсија со 3-2.

Меси вчера организираше забава со цел неговата екипа да биде во одлична атмосфера пред останатите четири натпревари во Ла Лига, кои ќе го решат шампионот за оваа сезона.

Аргентинецот ги повика соиграчите да дојдат на скара, а немаше никој од стручниот штаб. Шпанските медиуми беа пред вилата на Меси, каде што можеше да се забележи како фудбалерите се препуштиле на алкохолот и можеше да се слушне како се пееја шампионски песни.