Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Фудбалерите на Манчестер јунајтед имаа за цел да обезбедат место во Лигата на шампиони (ЛШ) за следната сезона, но сепак не успеаа во намерата и до крајот на сезоната ќе биде јасно дали ќе играат во Лига Европа или Конференциската лига.
Ова е доволно голем удар за тим каков што е Јунајтед, но ѕвездите допрва ќе жалат затоа што не обезбедија место во елитното натпреварување бидејќи ќе им бидат намалени платите до 25 отсто.
Најплатени се Давид де Хеа, Џејдон Санчо и Рафаел Варан, кои заработуваат над 17,5 милиони фунти годишно, а тие се само дел од фудбалерите кои ќе го почуствуваат финансискиот удар.
„Не сум задоволен со резултатите во овие шест месеци. Очекував место во ЛШ, тоа беше нашата цел. Но во последните пет-шест недели игравме ужасно“, призна тренерот Ралф Рангник.