Ѕвездите на ПСЖ се пожалија дека глевниот судија ги – пцуел!?


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Манчестер сити вчера го совлада ПСЖ со 2-0 и со вкупни 4-1 се избори за финале во Лигата на шампиони, кое е прво во нивната историја, а таму ќе се соочат против подобриот од мечот меѓу Челси и Реал Мадрид.

Ѕвездите на ПСЖ по поразот во Манчестер се пожалија на односот на главниот судија Бјорн Кјуперс, кој наводно ги навредувал.

„Бевме подобар тим на теренот 70 минути и испаѓаме со високо крената глава. Тажни сме, но свесни дека не е лесно да се биде меѓу најдобрите четири и оваа сезона“, кажа Ерера.

Ерера откри и дека судијата имал навредливи зборови за фудбалерите на ПСЖ.

„На Паредес во еден момент му кажа ‘е*и се’. Не може такво нешто да прифатиме, зборувам за пцуење. А двапати му кажа ‘е*и се’ и на Марко Верати“, вели Ерера.