Ѕвездите на Реал Мадрид кренале бунт против Анчелоти


Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Карло Анчелоти минатата сезона го предводеше Реал Мадрид до титула во Ла Лига и Лигата на шампиони (ЛШ), но оваа сезона екипата игра многу лошо и поради тоа Италијанецот доби критики од навивачите.

Очигледно нешто не е како што треба ниту во клубот, па дел од фудбалерите кренале бунт против Анчелоти, кој би можел да замине од екипата на крајот на сезоната ако не освои ниту еден трофеј.

Раководството на клубот воопшто не е задоволно од резултатите, а не е среќен ниту претседателот на тимот, Флорентино Перез кој му се налутил на Анчелоти уште по ремито со Атлетико Мадрид (1-1).

Анчелоти е еден од најуспешните тренери во историјата, а исто така работеше во Челси, Јувентус, Милан, ПСЖ, Баерн Минхен и други тимови.