Ѕвездите на Реал Мадрид не биле задоволни со одлука на клубот – имале и состанок со Анчелоти!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Реал Мадрид минатото лето се раздели со еден од најважните фудбалери, Касемиро кој потпиша за Манчестер јунајтед.

Раководството на тимот реши да го пушти Касемиро затоа што планира да го подмлади средниот ред, но тоа предизвикало незадоволство меѓу останатите членови на тимот.

Ѕвездите на Реал Мадрид воопшто не биле задоволни со одлуката на управата да го пушти Касемиро да замине од екипата, а тоа го открива „Атлетик“.

„Фудбалерите на Реал Мадрид не беа среќни. Тие дознаа дека Касемиро се поврзува со трансфер, но не го сфатиле тоа сериозно. Сепак, кога беше потврдено дека Касемиро се сели во Манчестер јунајтед, дел од фудбалерите биле на состанок со Анчелоти“, открива медиумот.