Ѕвездите на Рома по дебаклот молеа за прошка, па добија јасна порака! 🎥


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Жозе Мурињо го доживеа еден од најголемите порази во кариерата заедно со Рома, која загуби на гостувањето кај Бодо/Глимт во конференциската лига со 1-6.

Мурињо остана голем и во поразот и кажа дека поразот се случил поради неговите грешки.

„Моја е одговорноста. Јас ги избрав овие фудбалери вечерва. Да играв со првиот состав, некој можеше да се повреди и потоа ќе примевме четири или пет гола против Наполи. Таа одлука беше грешка. Не го потценив противникот. Знаев дека се силна екипа“, вели Мурињо.

Навивачите на Рома беа бесни по поразот и ѕвездите на клубот мораа да им се извинуваат и да бараат прошка, а од трибините пристигна јасна порака и таа е „Разбудете се“.