Звучеше незамисливо, но Мбапе е на прагот на рекордот на Роналдо


Екранизација, задоцнет развој, аутизам, инклузија – што треба да знаат родителите ↓↓↓


Килијан Мбапе е на праг да го собори рекордот за кој многумина мислеа дека е несоборлив.

Ако го гледаме бројот на голови во една календарска година за Реал Мадрид, до сега беше неприкосновен Кристијано Роналдо, но тој негов рекорд би можел да биде сериозно загрозен.

Рекордот на Кристијано Роналдо е од 2013 година кога постигна неверојатни 59 гола.

Колку има Мбапе?

По двата гола што ги постигна во Купот на кралот во победата против Талавера, Мбапе стигна до 58 погодоци во календарската година и на чекор е од Кристијано Роналдо.

До крајот на годината, Реал Мадрид игра уште еден натпревар и тоа против Севиља на 20 декември.