Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Белорусија е единствената европска земја каде што се игра домашно првенство без оглед на тоа што пандемијата на коронавирусот направи голем хаос во светот.
Во Белорусија се игра фудбал без посебни наредби, трибините се отворени за навивачите и засега нема поголеми проблеми.
Меѓутоа, некои белоруски спортисти сметаат дека таквата одлука не е добра. Јавно се побуни Витали Кутузов, кој голем дел од кариерата помина во Италија.
„На почетокот бев горд, но сега загриженоста се зголемува. Не можам да мислам дека цел свет е глупав, а ние сме најпаметни. Сега велам дека треба да сме внимателни…“, вели тој.