Агуеро со тешки телесни повреди по сообраќајка во Аметердам


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерот на Манчестер Сити, Серхио Агуеро има неколку скршени ребра по синоќешната сообраќајка која Аргентинецот ја имал во Амстердам.

Агуеро во Аместердам бил на концерт на колумбискиот пејач Малума, а по завршувањето на концертот со такси возило се упатил кон аеродромот. Сепак на пат кон аеродромот со таксито се забиле во столб по што Агуеро се здобил со повреди.

Медиумите пренесуваат дека 29 годишниот фудбалер избегнал  поголеми повреди затоа што бил врзан со сигурносниот појас кој многу помогнал во овој случај.

Од Манчестер Сити го потврдија настанот преку соопштение и најавија дека во петок Агуеро треба да пристигне во  Манчестер каде ќе му бидат извршени детални прегледи.

Според првите најави напаѓачот на „Граѓаните“ ќе отсуствува најмалку два месеци.