Азар со провокација до Мурињо: Како ќе го прифати ова „Посебниот“?


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Белгиецот игра како да е повторно роден кај Конте и има големи амбиции.

    Еден Азар по најлошата сезона откако дојде во Челси, влезе во животна форма и моментално е еден од најдобрите играчи на светот.

    Тој оваа сезона постигна 7 голови, со 3 асистенции на 11 натпревари во ПЛ, а во споредба со минатата сезона, тој за цела сезона постигна само 5 голови и 4 асистенции.

    Челси беше очаен под водство на Мурињо, но работите се сменија на подобро по доаѓањето на Конте, па Азар верува дека наскоро би можел да биде кандидат за „Златната топка“.

    „Минатата сезона не беше добра за мене, па поради тоа не сум на листата. Но, сега сакам да се вратам меѓу најдобрите, да бидам во најдобрите 5 на светот. Цел ми е да стигнам до тоа ниво. Конте не ме смени многу, само ми даде повеќе слобода кога ја имаме и кога ја немаме топката.“

    „Сега не морам да играм многу дефанзивно и да го чувам десниот бек, бидејќи Маркос Алонсо е тука за мене, па така можам да се фокусирам на мојата вистинска позиција. Сега имам повеќе простор да влегувам во средината и да го покажам својот квалитет, минатата сезона не ми беше тоа дозволено.“