Азурите имаат нов капитен


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Џиџи Буфон повеќе нема да настапува за репрезентацијата на Италија, па така капитенската лента треба да добие нов сопственик.

Даниеле Де Роси и Џорџо Киелини не добија повик од селекторот на Италија, Роберто Манчини за натпреварите против Саудиска Арабија, Франција и Холандија и со тоа испаѓаат од трката за нови предовдници на Азурите.

Како што пренесуваат медиумите во Италија, нов капитен на Азурите ќе биде Леонардо Бонучи кој на последниот список на повикани фудбалери е меѓу најискусните репрезентативци.