Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Поранешниот соиграч на Кристијано Роналдо, Патрис Евра се потсети на деновите кои ги поминал со Португалецот и откри дека не е нормално што тој посветува многу внимание на храната и здравиот начин на живот.
Евра и Роналдо играа во Манчестер јунајтед, а за медиумите Евра откри неколку интересни работи поврзани за најдобриот играч на Реал Мадрид.
„Еве совет за сите – кога ќе ве повика Кристијано Роналдо на ручек, одбијте. Не го велам тоа поради храната, туку тоа ќе ви изгледа како да сте повикани на тренинг“, вели Евра.
„Ме повика да одиме кај него на ручек по тренинг, бев уморен, а на масата имаше салата и пилешка супа. Почнавме да ручаме, а јас мислев дека ќе дојде и главното јадење, но ништо. Тој заврши со јадењето и почна да игра со топката“, објаснува поранешниот соиграч на Роналдо.