Ако не бранат добро Чех и Лено, Арсенал има и трет голман – Обамејанг! (ВИДЕО)


Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Напаѓачот на Арсенал, Пјер-Емерик Обамејанг, не ја отвори најдобро новата сезона и уште чека на својот прв гол.

Габонецот беше стартер во првите три кола во Премиерлигата, но не се запиша во листата на стрелци. Сепак, од него се очекува многу повеќе во сезоната.

Интересно беше на тренингот на „топчиите“, а во главна улога беше токму Обамејанг. Напаѓачот на Арсенал реши да брани и покажа дека Чех и Лено имаат „опасна конкуренција“ за позицијата.