Алегри го одби барањето на Роналдо, Јуве нема да се засилува од Реал!?


Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Јувентус сезонава тргна со двајца нови голмани, откако Џанлуиџи Буфон по 17 години го напушти клубот, а во екипата сега доминираат Војчек Шчесни и Перин.

Италијанските медиуми шпекулираа дека Јувентус не е задоволен со својот избор, па наводно им бил понуден Кејлор Навас, а за такво нешто бил и Кристијано Роналдо, кој всушност го предложил искусниот голман.

Костариканецот е во втор план кај „кралевите“ по пристигнувањето на Тибо Куртоа, па се верува дека Јувентус без проблеми може да го ангажира.

Сепак, Јуве одби можност да потпише со Навас, па наводно се задоволни со нивните голмани кои ги имаат во клубот.