Алеиш Видал има нов клуб?


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Шпанскиот фудбалер Алеиш Видал веќе во јануари најверојатно ќе ги напушти редовите на Барселона.

    Видал во минатото лето стигна на Ноу Камп, но не успеа да се избори за место во првата екипа на Барселона.

    Овој десен бек во оваа сезона поголем дел од натпреварите ги следи од трибините па јасно е дека веќе во јануари ќе побара нов клуб.

    Шпанските медиуми пренесуваат дека Видал веќе ги договори условите со Милан, и дека од јануари ќе настапува во италијанската Серија А.

    Овој 27-годишен фудбалер не сакаше денеска на новинарите ништо да открива поврзано за овие шпекулации.

    Наводно, Росонерите ги контактираале и челниците на каталонската екипа, и договорено е Видал да дојде на позајмица од крајот на сезоната.

    Доколку се покаже како добар потег Милан тогаш ќе има можност да го откупи неговиот договор од актуелниот шампион на Шпанија.