Алжирецот го напушта Лестер но останува во Премиер лигата


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Ислам Слимани во Лестер стигна како големо засилување за огромна сума на пари, но никако да си обезбеди постојано место во првиот тим на клубот.

Англиските медиуми тврдат дека Вотфорд пратил и официјална понуда за алжирскиот напаѓач на Лестер, па во следните денови се очекува одговор од „Лисиците“.

Марко Силва за него беше заинтересиран и во летниот преоден рок,  но од Лестер одлучија да го задржат. Наместо него  Вотфорд го донесе Греј но поранешниот напаѓач на Барнли не се снајде на „Викариџ Роуд“.

Марко Силва и  понатаму е заинтересиран да го види во својата екипа затоа што со Алжирецот веќе одлично соработуваше во Спортинг Лисабон.