Алиоски остана без тренер


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Тренерот на Лидс Јунајтед, Томас Кристијансен по серијата слаби резултати се одлучил да си даде неотповиклива оставка од функцијата тренер на клубот.

Од Лидс Јунајтед испратија благодарност за досегашната работа на Кристијансен и нагласија дека нема да коментираат многу се додека не се назначи негов наследник.

Кристијансен беше клучниот фактор кој притискаше Алиоски да се пресели во Англија и имаше голема доверба во нашиот играч на кого редовно му даваше шанса во првиот тим.

Се шпекулира дека на негово место ќе пристигне тренерот на Барнсли, Пол Хекингботом кој треба да биде назначен како нов предводник на Лидс во следните 24 часа.