Манчестер Сити треба да победи - и тоа кога е најтешко! ↓↓↓
Манчестер Јунајтед и Челси разгледуваат опција да го потпишат играчот од средниот ред на Барселона, Серхи Роберто.
Иднината на Роберто по доаѓањето на Ернесто Валверде е под знак прашалник, па затоа младиот фудбалер ги разгледува опциите за напуштање на „Камп Ноу“.
„Дон Балон“ пишува дека Манчестер Јунајтед, Челси и Монако сериозно размислуваат во своите редови да го донесат шпанскиот фудбалер.
Откупната клаузула на Серхи Роберто е 36 милиони фунти, а оваа сума не би била проблем за гигантите од Англија и за клубот од Кнежевството.