Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Ромелу Лукаку игра одлично откако се врати во Евертон од Челси, а многу клубови се обидуваат да го донесат откако го покажа својот раскошен потенцијал.
Најблиску до доведувањето во изминатите трансфер периоди беа Манчестер Јунајтед и Челси, а и за во јануари, овие два клуба се споменуваат како потенцијални кандидати за неговиот потпис. Но, утринските изданија на неколку англиски медиуми интензивно пишуваат за неговиот можен трансфер во ПСЖ.
Имено, ПСЖ никако не може да покаже играта која ја играше со Златан Ибрахимовиќ, па евидентно е дека има „дупка“ во нападот по заминувањето на поранешниот шведски репрезентативец во Манчестер Јунајтед. Па така, Парижаните одлучиле во јануари да му понудат огромна сума на пари на Белгијанецот, а се споменува и можна цифра од околу 80 милиони евра.