Англичаните бараат помалку пцовки, а Саутгејт праша: Како да им забранам да пцујат?


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Англија вечерва гостува кај Хрватска во рамки на Лигата на нации, а на натпреварот нема да има публика.

Хрватскиот фудбалски сојуз доби казна и поради тоа ќе мора Хрватите дуелот да го гледаат пред малите екрани.

Селекторот на Англија, Герет Саутгејт, зборуваше за пцовките во текот на натпреварот и им даде некои препораки.

„Две години ги охрабрувавме да разговараат и тоа сега им го забрануваме. Не можам да им забранам да пцујат“, кажа Саутгејт.