До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Се зборува и за трансфери во овие денови, Манчестер Јунајтед е секогаш актуелен.
Манчестер Јунајтед можеби и најпопуларен клуб во светот, поради тоа се очекува доста шпекулции за врска за трансферите пласнирани од англиските медиуми.
Точни или неточни, на вас е да процените.
Денес, нови три шпекулации.
Првата се однсува на Рис Оксфорд, момче кое настапува за Вест Хем. Стоперот кој има само 17 години сеуште не потпиша нов договор со Вест Хем, многумина очекуваат премин во друг клуб веќе во јануари, а се споменува токму Манчестер Јунајтед, како и нивниот градски ривал Манчестер Сити.
Другите шпекулации ги пренесува португалски Рекорд, кој пишува дека Манчестер Јунајтед е заинтересиран за Желсон Мартинс, 21-годишниоот фудбалер на Спортинг.
Мартинс е крилен фудбалер, а португалските медиуми пишуваат дека за него заинтересиран е и Реал Мадрид.
Последен во низата е Хозе Фонте, фудбалер на Саутемптон. Овој 32-годишен стопер беше на мета на Јунајтед во ова лето, но до трансфер не дојде. Сега се споменува нов договор со Саутемптон, но тој тоа го негираше што англиските медиуми го сфатија како да има друг клуб, конкретно Јунајтед.
„Нема ништо на маса, чекам. Ќе видиме што ќе се случи. Не сум се договорил со Саутемптон, само преговаравме“, рече Фонте.
Дали Манчестер Јунајтед има желба да се вклучи во преговори, ќе видиме во наредниот период.















