Андонова и Барселона славеа против Атлетико и урнаа светски рекорд (ФОТО)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


На стадионот на Атлетико Мадрид е урнат светскиот рекорд по број на гледачи на еден меч во кој играле две женски фудбалски екипи.

На „Ванда Метрополитано“ вчера играа екипите на Атлетико Мадрид и Барселона, а на трибината имаше дури 60.739 навивачи.

Таа бројка го надмина претходниот светски рекорд од 51.211 навивачи во мексиканската лига за време на мечот меѓу женските екпи на Монтереј и Тигрес.

Барселона славеше со 2-0, па така ја продолжи трката со големиот ривал Атлетико, кој е на првата позиција со 66 бодови, додека екипата од Каталонија има 63 освоени бодови.

Вреди да споменеме дека македонската фудбалерка Наташа Андонова беше дел од победничкиот тим на Барселона.

 

View this post on Instagram

 

A crowd of 67,000 watch today’s league game between Atletico Madrid Women & Barcelona Women ??

A post shared by SPORTbible (@sportbible) on