Андрес Иниеста веќе тренира самостојно


    ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


    Играчот на Барселона, Андрес Иниеста е се поблиску до враќање на теренот. 32-годишниот играч од средниот ред заработи повреда на коленото за време на дербито против Валенсија во крајот на октомври, која го одвои од теренот подолго време.

    Очекувањата беа дека Иниеста ќе отсуствува помеѓу 6 и 8 недели, но очигчледно неговото закрепнување оди и повеќе од успешно.

    Андрес Иниеста веќе тренира самостојно, за да се врати максимално брзо кон оптималната форма.

    Најверојатно лидерот на каталонците ќе биде подготвен за претстојното Ел Класико против Реал Мадрид на 3. декември.