Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Повеќе олеснување отколку среќа беше чувството кое го имаше Кербер по победата против Цуренко во 1-то коло во Австралијан Опен.
Се знае дека првиот натпревар на ваквите турнири е секогаш тежок и тоа правило се покажа како точно за првата тенисерка во светот.
„Морам да кажам пред се дека сум среќна што сум тука. Се ме потсетува на минатата година кога го освоив првиот Грен Слем. Сега чувствувам олеснување, бидејќи имав многу тешка противничка и се радувам на наредниот натпревар.“
За разлика од неа, Симона Халеп го заврши натпреварувањето со пораз од Роџерс, а многу се мачеше и Габине Мугуруза против Ераковиќ.